Соопштенија

Меморандум за соработка со Државно правобранителство

Нед, 28.10.2018 - 11:45
На ден 28.10.2018 г во се оддржа средба на која  беа разменети искуства  и мислења, помеѓу Управата за финансиска полиција и Државното правобранителство. Оваа средба беше договорена на предходните состаноци каде беше завземен став дека е неопходно потпишување на меморандум за соработка, помеѓу овие две исклучително важни институции. Меморандумот беше потпишан од страна на Директорот на Управата за финансиска полиција, г-динот Арафат Муареми и Државниот правобранител, г-динот Фехми Стафа како застапник на Државното правобранителство. Со потпишување на овој меморандум кој е од взаемна важност, уште повеќе се зајакнува и продлабочува соработката помеѓу институциите.

Кривична за Градоначалник на Општина Демир Капија

Чет, 25.10.2018 - 11:45
Во акцијата „Грант“, спроведна од страна на Управата за финансиска полиција, каде што се опфатени четири службени лица од Општината Демир Капија, меѓу кој и екс градоначалникот Т.Д., на предлог на Јавен Обвинител, Основниот Суд Скопје 1 на три осомничени лица им определи мерка притвор во времетраење од 30 дена, а за четврто осомниченото лице е определена мерка куќен притвор.

Нова кривична за градоначалник на Општина Карпош

Чет, 23.08.2018 - 11:55
Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот дозволил објектот на Општината Карпош каде што е сместена општинската администрација, да се изгради без одобрение за градеше и без соодветна архитектонско-урбанистичка документација.

Кривична пријави за градоначалник на Општина Карпош

Сре, 08.08.2018 - 11:55
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. во својство на Градоначалник на Општина Карпош, М.Д. - Раководител на Сектор за Јавни набавки, Н.Н.- Помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, С.М. - Раководител на Одделение за норматива во Правен Сектор и А.С. - Раководител на Одделение за сметководство, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со Продолжено кривично дело член 45 и в.в. со Соизвршителство член 22 од Кривичниот Законик на РМ.

Кривична пријава во Агенција за катастар на недвижности

Пет, 20.07.2018 - 11:55
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.С, И.С, и И.Л вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против лицето Д.Н во својство на службено лице - овластен геодет поради постоење на основано сомненине за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 1 в.в ст 3 и ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот Законик.