Соопштенија

Присуство на конференција

Нед, 08.07.2018 - 11:55
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на конференцијата по повод завршувањето на проектот "Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција во Република Македонија", кој е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) – TAIB 2012 реализиран во изминатиот период во Република Македонија.

Кривична пријава за ексградоначалник на Општина Центар

Сре, 04.07.2018 - 11:59
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата В.Т. поранешен Градоначалник на Општина Центар, М.Т. поранешен Секретар во Општина Центар и Д.Р. вработен во Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина во Општина Центар

Покана за прес конференција - Скопје 2014

Вто, 03.07.2018 - 12:05
Управата за финансиска полиција ги поканува преставниците на медиумите  на прес конференција што ќе се оддржи на 04.07.2018 г во 12 часот во просториите на Управата. Темата на пресот ќе биде еден од случаите на "Проект Скопје 2014" а на истиот свое обраќање ќе има Директорот Арафат Муареми.

Кривична пријава против Агенција за филм, за Тотал ТВ

Сре, 25.04.2018 - 10:00
Управата за финансиска полиција на Република Македонија поради постоење на сомнение дека се сторители на кривични дела до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата: Д.Б. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2014 година и М.Ѓ.И. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2015 и 2016 година, за стореното кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА член 353-в ст.1 и 3 од КЗ на Р.М.