Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Средба со амбасадорот на Република Туркије, Н.Е Фатих Улусој

Вто, 27.05.2025 - 15:11
Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со амбасадорот на Република Туркије во Скопје, Фатих Улусој, на која се разговараше за унапредување на соработката во борбата против финансискиот криминал.

Кривична пријава против поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника и в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ

Пон, 26.05.2025 - 09:44
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.К во својство на поранешен Извршен директор на Сектор за Воздухопловна Техника во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,, Злоупотреба на службена положба и овластување член 353 став 2 од Кривичниот законик  и против Б. А.  во својство на в.д. Раководител на одделение за јавни набавки во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ АД Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,, Несовeсно работење во службата член 353-в став 2 од Кривичниот законик.

Средба со Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал и шефот на полицискиот оддел при Мисијата во Скопје, Едвард Андерсон

Чет, 15.05.2025 - 14:24
Денеска Директорот на Управата за финансиска полиција оствари средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал и шефот на полицискиот оддел при Мисијата во Скопје, Едвард Андерсон. На средбата Ивановски изрази искрено задоволство и благодарност за досегашната динамична и продуктивна соработка со ОБСЕ.

Потпишан меморандум за соработка со Агенцијата за цивилно воздухопловство

Пет, 09.05.2025 - 16:55
Тргнувајќи од заедничката заложба и интерес да дадат свој придонес за сузбивање на финансискиот криминал, со цел заштита на финансиските интереси на Република Северна Македонија, согласно Уставот, позитивните законски прописи и ратификуваните меѓународни договори, преку развивање на соработката на полето на размена на податоци и друга меѓусебна соработка.

Работна посета на Република Турција и учество на 28-от Евроазиски економски самит

Чет, 08.05.2025 - 08:38
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски беше дел дел од делегацијата предводена од министерката за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на тридневната работна посета на Република Турција.

Петта сесија на Работната група 6 - „Антикорупција“ во рамки на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија

Пон, 28.04.2025 - 14:32
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски денес учествуваше на Петтата сесија на Работната група 6 - "Антикорупција" во рамки на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија.

Поднесена кривична пријава против управител на правно лице за даночно затајување

Чет, 24.04.2025 - 11:11
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.

Поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово против три лица поради основи на сомненија за сторени кривични дела, Злоупотреба на службена положба и овластување, Проневера во службата и Несовесно работење во службата

Сре, 09.04.2025 - 14:24
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против едно физичко лице  во својство на управител и одговорно лице во правно лице како и против две службени лица, поради основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела , Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 4 в.в. став 1 од КЗ, Проневера во службата од член 354,  став 3 в.в  став 1 од КЗ и Несовесно работење во службата од член 353, став 2  в.в  став 1 од КЗ. 

Прв состанок на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата

Вто, 08.04.2025 - 14:57

Денес 08.04.2025 се одржа првиот состанок на  Меѓуресорско тело за координација на активностите против корупцијата, што ќе овозможи создавање на систем кој ефективно ќе се справува и ќе ги координира напорите за превенција и елиминација на оваа рак рана за нашата земја, навлезена во сите сфери од општеството.

Работен состанок со високи претставници на програмите ОПДАТ и ИЦИТАП

Сре, 02.04.2025 - 14:14
Денес, 02.04.2025 Директорот, Слободан Ивановски оствари  работен состанок со Џејсон Корли, постојан правен советник на САД кој ја води програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД, Мајкл Мек Ки, аташе за спроведување на законите во Амбасадата на САД кој ја води програмата ИЦИТАП, како и со претставници на Амбасадата на САД во Скопје.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol