Правна регулатива

Учествуваме во регулацијата на правните рамки во борба против секакви финансиски криминални дела и активности

Проекти

Организирано учествуваме во реализација на низа проекти кои битно ќе влијаат на целокупната организација и успех во работата

Соработка со институции

Поврзаноста со други институции ни овозможува да остваруваме подобро и брзо функционирање

Директорот на Управата за финансиска полиција оствари работна средба со Директорот на Царинската управа

Сре, 25.10.2023 - 16:19
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, оствари работна средба со Директорот на Царинската  управа, Стефан Богоев. На работната средба беа разменети мислења и ставови во врска со голем број прашања и активности на двете институции.

Работна средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција и Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење

Пет, 20.10.2023 - 16:20
Директорот на Управата за финансиска полиција оствари работна средба со Заменик на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Славица Грковска, чија цел беше анализа на резултатите од досегашната соработка како и утврдување на идните чекори со цел продлабочување и унапредување истата.

Агенцијата за одземен имот отстапи 3 возила на Управата за финансиска полиција

Вто, 12.09.2023 - 18:00
Во просториите на Агенцијата  за управување со одземен имот се оствари средба помеѓу Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов и Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу...

Потпишана декларација за формирање на регионална компонента на GlobE-Глобална оперативна мрежа на антикорупциски органи за Западен Балкан

Сре, 06.09.2023 - 16:54
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов со свој тим во Виена,Австрија присуствуваше на регионална конференција посветена на формирањето на регионалната компонента на GlobE – Глобалната оперативна мрежа на антикорупциски органи.

Поднесена кривична пријава против едно физичко лице и три службени лица

Вто, 08.08.2023 - 13:54
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против едно физичко лице во  својство на Претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело  Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Северна Македонија.

Работна средба за координација на активностите помеѓу Управата за финансиска полиција и јавните обвинителства

Пет, 21.07.2023 - 17:09
Директорот на Управата за финансиска полиција, Горан Иванов, оствари работна средба со Јавниот обвинител на  Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, заменикот на основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов, како и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.

Работна средба на Директорот Горан Иванов со Simon Woodcock ,офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија

Сре, 07.06.2023 - 15:15
Директорот Горан Иванов, оствари работна средба со Simon Woodcock, офицер за врски за фискален криминал за Косово и Република Северна Македонија и со преставници на  Британската амбасада во Скопје.

Работна средба со Ислам Абази основен јавен обвинител на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Вто, 16.05.2023 - 15:23
Денес 16.05.2023 се одржа работна средба на Горан Иванов , Директор на Управата за финансиска полиција, со Ислам Абази, основен јавен обвинител  на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Медиуми
Interpol Olaf Europol