ИНТЕРВЈУ со Директорот на управата за финансиска полиција Муареми: Истрагите за злоупотреба на буџетски средства без поддршка на Јавното обвинителство се само статистички податоци
Во интервју за „Локално“, директорот oбјаснува дека обрвската за докажување на потеклото на легално стекнатиот, или евентуално нелегално стекнат имот ќе дадат многу одговори, меѓу кои и на актуелните афери поврзани со познати имиња од бизнисот и политиката , врзани со огромни суми пари кои се нудат за кауција.
Промовирање на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот
На ден 21.07.2021 Директорот на Управата за финансиска г-дин Арафат Муареми присуствуваше на промовирањето на Националната стратегија за јакнење на капацитетите за водење на финансиски истраги и конфискација на имот, чиј домаќин беше заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, а активно учество земаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и директорката на Управа за јавни приходи Сања Лукаревска.
Директорот на Управата за финансиска полиција оствари работна средба со претставници од Финансиската Управа на Република Словенија
Во знак на продолжување на Меѓународната развојна соработка помеѓу Република Словенија и Република Северна Македонија, а која се однесува на Поглавје 24- Финансиски истраги на ден 06.05.2021 година директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми оствари работна средба со програмскиот директор на проектот Андреја Долничар Јерај и Дамјана Слапар Буркат, претставник од Финансиската Управа на Република Словенија.