Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицата С.Ј. во својство на Градоначалник на Општина Карпош, М.Д. - Раководител на Сектор за Јавни набавки, Н.Н.- Помошник раководител на Сектор за финансиски прашања, С.М. - Раководител на Одделение за норматива во Правен Сектор и А.С. - Раководител на Одделение за сметководство, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривични дела “Злоупотреба на службената положба и овластување” казниво по член 353 ст. 5 в.в. ст. 1 в.в. со Продолжено кривично дело член 45 и в.в. со Соизвршителство член 22 од Кривичниот Законик на РМ.
Кривична пријава во Агенција за катастар на недвижности
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата М.С, И.С, и И.Л вработени во Агенцијата за катастар на недвижности и против лицето Д.Н во својство на службено лице - овластен геодет поради постоење на основано сомненине за сторено кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА од член 353-в став 1 в.в ст 3 и ФАЛСИФИКУВАЊЕ СЛУЖБЕНА ИСПРАВА од член 361 став 1 од Кривичниот Законик.
Присуство на конференција
Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми присуствуваше на конференцијата по повод завршувањето на проектот "Зајакнување на националните капацитети во борбата против организираниот криминал и корупција во Република Македонија", кој е финансиран од Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (IPA) – TAIB 2012 реализиран во изминатиот период во Република Македонија.
Кривична пријава за ексградоначалник на Општина Центар
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата В.Т. поранешен Градоначалник на Општина Центар, М.Т. поранешен Секретар во Општина Центар и Д.Р. вработен во Сектор за уредување на градежно земјиште и заштита на животна средина во Општина Центар
Кривична пријава против Агенција за филм, за Тотал ТВ
Управата за финансиска полиција на Република Македонија поради постоење на сомнение дека се сторители на кривични дела до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против лицата: Д.Б. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2014 година и М.Ѓ.И. во својство на Директор на Агенцијата за филм на Република Македонија за 2015 и 2016 година, за стореното кривично дело НЕСОВЕСНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЖБАТА член 353-в ст.1 и 3 од КЗ на Р.М.
Кривична пријава за поранешен Министер за Здравство
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе Кривична пријава против лицата Т.Н. - поранешен Министер за здравство на Р. Македонија и П.В. - Раководител на Единицата за имплементација на Проектот за реконструкција и доградба на објекти на Јавните здравствени установи во Р. Македонија при Министерството за здравство, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело "Несовесно работење во службата" од член 353-в од КЗ на Р. Македонија
Кривична пријава за директор на Управата за заштита
Управата за финансиска полиција до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе Кривична пријава против лицето П.К. - поранешен директор на Управата за заштита на културно наследство, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело "Злоупотреба на службената положба и овластување" од член 353 ст.5 в.в.ст.3 и 1 од КЗ на РМ и против лицето Ш.Ц. од Р.Хрватска во својство на одговорно лице во Конструктор Инженеринг АД Сплит
Кривична пријава за директорката на Агенцијата за филм
Управата за финансиска полиција во консултација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Директорот на Агенцијата за филм М.Ѓ.И која во период од 26.10.2016-18.09.2017 злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување склучила Анекс Договор со кој извршила промена на условите на основниот Договор за финансирање на проектот играната серија "Македонија" во корист на државјанин на Р.Хрватска и Јадран...
Кривична пријава за одговорни лица на АД Мепсо
Во период од месец ноември 2016 година до месец август 2017 година К.А., поранешен Директор за управување со пазарот на електрична енергија и член на УО, С.В., поранешен Директор за финансиски работи во Дирекција и член на УО и Н.Ј., поранешен Генерален Директор во својство на одговорни лица во АД Мепсо со неизвршување на својата службена должност и овластувања му нанеле значителна штета на АД Мепсо Скопје во износ од 42.408.965,00 денари.